Почитувани ученици,
сајтот : http://e-biomk.weebly.com/ е креиран со цел да ви ја доближи биологијата и да ви го олесни совладувањето и усвојувањето нови знаења на еден поинаков начин. Познатите коментари “Не учи напамет “ и “Прво прочитај после бубај“ , за овој предмет не треба да важат...За промена нека биде “Гледај и слушај“ Овој сајт претендира да биде забавно едукативно помагало, но едновремено и вежбална и лабораторија и работилница ... Тој преку селектираните дигитални содржини треба да овозможи проширување на знаењата и да послужи како средство за поттикнување за пребарување на интернет и самостојно користење литература и најважно да ви ја зголеми ефикасноста во тек на процесот на учење. |
Еве зошто е важно да стекнете добро општо образование од биологијата -како наука за животот:
Целта на сајтот секако е на овој начин да разменувам мислења и идеи со колегите од истиот или сродните предмети, соработка во рамки на наставните содржинии осмислување и подготовка на нови мултидисциплинарни содржини и часови. Овој сајт може да биде користен исклучиво во едукативни цели. Дигиталните содржини се превземени од повеќе web страници , преведени и адаптирани во склад со наставната програма. |
|